Тажно утро за цел регион - Почина познатата пејачка од тешката болест, се борешедо крај (ФОТО)

 

Легендарната југословенска пејачка на народна музика Мерима Његомир почина утрово на 68 годишна возраст.

Оваа вест за српските медиуми ја потврди низ солзи нејзината ќерка Љубица.

-Точно е, изјавила кратко таа.

Мерима инаку неодамна откри дека води тешка битка со ракот.

Тогаш изјави дека не се чувствува добро, но дека не се откажува од борбата.

-Здравствената состојба ми е лоша, се порам со тешка болест, големиот број на лекари и стручњаци ми даваат надеж дека ќе оздравам. Моето семејство ми е најголема поддршка и некако полесно се чувствувам кога тие се до мене, рече пејачката во една своја прилика.

Пејачката зад себе остави 25 албуми и без временски хитови кои ги памети цела Југославија.

Имаше четири деца, три ќерки и еден син.

 

20.11.2021 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега