Телото ви ги дава овие знаци дека имате дијабетес, не ги игнорирајте
Многу луѓе остануваат несвесни дека имаат дијабетес додека е во рана, но и во средна фаза. Тоа што нема очигледни знаци не значи дека сте отпорни на болеста, а колку подолго ја занемарувате контролата на дијабетесот, толку поголем е ризикот од срцева болест, болест на бубрезите, слепило и други сериозни компликации.
Луѓето ретко обрнуваат многу внимание на тоа колку често одат во тоалет. Сепак, она што со сигурност треба да го запали алармот е ако потребата да уринирате често и дека тоа дури ви го попречува спиењето.
Честото уринирање ќе направи да се чувствувате суво. Чест проблем кај пациентите е што ја гасат жедта со сокови, газирани пијалоци, па и млеко. Овие слатки пијалоци повторно таложат шеќер во крвта, што одново води кон истиот проблем.
Намалувањето на килограмите доаѓа како резултат на две нешта: едно – од водата што ја губите (преку уринирање), а друго – губите дел од калориите преку урината и не ги апсорбирате сите калории од шеќерот во вашата крв.
Често, кога луѓето ќе дознаат дека имаат дијабетес и ќе почнат да внимаваат на шеќерот, се случува да качат неколку килограми. Но, тоа е добра работа, значи дека шеќерот во крвта е побалансиран.
Кога шеќерот ви е висок, телото има проблем со регулирање на глукозата. Ако сте изеле нешто богато со јаглехидрати, вашето тело лансира малку повеќе инсулин од потребното, а глукозата брзо ви опаѓа. Ова дава чувство на „потресеност“ и прави да треперите, при што сте склони да посегнете по повеќе јаглехидрати или шеќер. Да, тоа води кон уште еден бесконечен круг.
Нормално е да сте изморени од време на време. Но, постојаниот замор без некоја посебна причина е симптом на кој треба да се внимава.
Во раните фази на дијабетесот, очните леќи не се фокусираат доволно добро бидејќи доаѓа до таложење на глукоза во окото, што привремено ја менува неговата форма. Нема да ослепите од дијабетес, а штом нивото на шеќер во крвта ќе се стабилизира, окото ќе се прилагоди.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа