Температурата денес до 40 степени, попладне пороен дожд и грмежи во северните и источните делови

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Попладне особено во северните и источните делови од земјата ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 40 степени. Индексот на ултравиолетовото зрачење ќе биде девет.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне 39 степени.

 
21.07.2024 - 09:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега