Тензично во АА: Куршум пронајден во семејната куќа на Таравари
Куршум утрово бил принајден во дворот на семејната куќа на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравар, дознава Press24 од неофицијални полициски извори. Според нашите се уште непотврдени информации, случајот бил пријавен во гостиварската полиција.
Инцидентот доаѓа откако Таравари најави дека си заминува од коалицијата со ДУИ и СДСМ и дека и се приклучува на опозицијата. Следеше реакција на екс лидерот на АА, Зијадин Села кој повика да се оди самостојно на избори.
Конечната одлука треба да ја донесе партиското Собрание.
На инцидентот во дворот на Таравари претходеше тепачка меѓу високи структури на АА.
Погледнете го видеото тука.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа