Тепачка во ресторан во Скопје: Тројца скопјани нападнале единаесет Турци
Вчера во 21.00 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал при СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.А.(26), О.А.(25) и Р.С.(23), сите од Скопје поради тоа што на 08.11.2024 околу 23 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар физички ги нападнале Т.Г.(24), Ј.Ш.(30), Е.С.(28), О.С.(27), Ф.Г.(27), Ф.Ј.(25), М.М.(28), Е.Ч.(25), Д.М.(27), Б.П.(25) и Е.Ќ.(26), сите од Р.Турција, а со престој во Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
10.11.2024 - 15:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа