Тепачка во затворот во Скопје, повредено едно лице

Денеска во 00.30 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Скопје било пријавено дека на вчера околу 22.40 часот во установата А.Т.(37) физички го нападнал Ш.Х.(34) од Пакистан (двајцата притворени лица).

Ш.Х. се здобил со телесни повреди констатирани од страна на лекар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

28.06.2024 - 16:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега