Тешка кражба среде ноќ во тетовско - ограбен продажен објект, приведени двајца
Вчера во 11.35 и во 12.20 часот во село Боговиње, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода 36-годишниот Љ.З. од село Боговиње и 32-годишниот Е.Н. од село Горно Седларце.
Тие се сомничат дека во периодот од 01.00 до 06.00 часот извршиле тешка кражба во продажен објект сопственост на 55-годишниот Н.И. од село Боговиње, при што одзеле пари и повеќе производи.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.
05.11.2024 - 10:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа