Тешка несреќа во Македонија: Со возилото излетал од пат

 

Тешка несреќа се случила во текот на вчерашниот ден во Македонија кога возило излетало од пат, при што повреден е возачот.

Од МВР информираат дека на 09. Февруари, во 03.25 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека во атар на селото Злетово, пробиштипско, патничко возило „опел корса“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од страна на 44-годишниот М.Г. од село Злетово, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Штип.

10.02.2025 - 09:03

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега