Тешка сообраќајка во Хрватска: Камиони се запалиле, две лица починаа (ВИДЕО)
Во Хрватска, на автопатот АЗ, се случила сообраќајка помеѓу два камиона и две патнички возила, при што камионите се запалиле, пренесуваат тамошните медиуми.
Сообраќајот се одвива отежнато по заобиколен пат, односно преку локалните патишта. Според досега собраните информации, во несреќата загинале две лица, пренесува порталот „Индекс“.
Увид ќе се спроведе веднаш штом условите го дозволат тоа, соопшти полицијата.
09.09.2020 - 19:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа