Тешка сообраќајна несреќа кај Тетово: Повредени пет лица
Вчера во 16.50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце, во село Одри, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,,мазда“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Л.Р.(64) од село Добарце и патничко возило „фиат“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Г.М.(46) од Тетово, информираа од МВР.
Со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „мазда“ А.Р., додека со телесни повреди се здобиле Г.М. и неговата сопатничка К.М., како и двајца сопатници од возилото „мазда“- Р.Р. и Л.Ј..
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа