Тешко повреден 15-годишен мотоциклист во сообраќајка со автомобил

Вчера во 11.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека кај с.Обршани, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.Д.(25) од с. Пашино Рувци, прилепско и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 15 - годишник од с.Обршани.

Во несреќата, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

07.08.2024 - 12:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега