Тешко повреден 21-годишен скопјанец, управувајќи мопед со судрил со такси

Синоќа во 22.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки (такси возило) управувано од Ќ.М.(57) и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од О.М.(21), двајцата од Скопје.

Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, а неговата малолетна сопатничка се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

13.07.2024 - 12:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега