Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Скопје

 

Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа со возило „Фолксфаген Голф“, што се случила вчера на улица „Ферид Мурати“ во Скопје.

Како што соопшти МВР, сообраќајката, која била пријавена вчера во 17.40 часот, се случила помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И. (30) од Скопје и мопед „Баотиан“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.А. (44) од Скопје.

– Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје, наведуваат од МВР.

23.07.2021 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега