Тетовец измамен за 2.000 евра при продажба на столарски алат

 


Вчера во 19:30 часот, во СВР Тетово, 33-годишниот Н.М. од село Слатино пријавил кривично дело „измама“ извршено над него, предвидено и казниво по член 247 став 1 од Кривичниот законик.

„На ден 29.08.2025 година во 19:30 часот во СВР Тетово Н.М. (33) од село Слатино, тетовско, пријавил кривично дело „измама“ (предвидено и казниво по чл.247 ст.1 од КЗ на РСМ) извршено над него од страна на лицата И.А. и Е.А. од село Шемшово, тетовско, при што бил оштетен за износ од 2.000 евра. Според наводите во пријавата во текот на април месец годинава од страна на пријавените купиле од Н.Д. столариски алат во висина од 4.500 евра од кои што му исплатиле 2.500 евра, иако во меѓувреме дознал дека пријавените купениот алат го препродале“, велат од МВР.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

30.08.2025 - 15:23

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега