„Ти си за затвор или за во лудница“: Популарната инфлуенсерка вози автомобил со детето во раце, доби низа критики (ВИДЕО)
Популарната инфлуенсерка Неда Марковиќ на својот Инстаграм профил објави видео каде во скутот држи едногодишно дете додека вози автомобил.
Таа дури ги трга своите раце од воланот, па едно време детето само управува.
Треба да се напомене дека оваа глетка е особено страшна кога ќе се земе предвид бројот на сообраќајни несреќи во Србија, од кои многу се случуваат на автопат.
Ова видео го споделија неколку корисници на Твитер.
Претежно сите беа згрозени од глетката, еве дел од коментарите:
-Дали е оваа за во лудница?
-Ова што го прави е за казна затвор!
-Што прави женава? Ова треба да се осуди.
-Каква будала, се става во ризик себе и, што е уште поважно, детето е во опасност.
ovu osobu prati više od 60.000 ljudi. ovo je užasno užasno! pic.twitter.com/Jf0uN1vred
— Anja (@anjastanisic) February 24, 2022
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа