Тијана не остана рамнодушна на скандалот за професорот силувач, па распали на Инстаграм: Срам да ви е за секој коментар кој не е поддршка
Пејачката Тијана Дапчевиќ е една од многуте јавни личности во регионот кои ѝ пружија поддршка на Милена Радуловиќ откако актерката го пријави поранешниот учител по глума, Мирослав Алексиќ за силување, а веројатно и пречеа негативните коментари во врска со Милена Радуловиќ и нејзините колешки кои го пријавија Мирослав Алексиќ за силување и сексуално злоставување години подоцна.
Дапчевиќ во подолга објава на Инстаграм се обиде да одговори на сите невкусни прашања кои се појавија во Србија изминативе денови.
Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост.
„Зошто дури сега проговорила!?“
Не знам, можеби затоа што и понатаму ве има вас кои постојано повторувате дека жртвите на силување и предофилија тоа сами го барале, дека сигурно некако, со нешто испровоцирале, дека сами се виновни... и многу често имате потреба да правдате работи кои не се простуваат. Зошто!?
„Ако молчела досега, можела да продолжи да молчи засекогаш.“
Како секогаш доаѓаме до тоа дека за сè мора да се молчи? Како не ви е доста од молчење? За мали и големи работи, за онаа планина која сте ја направиле под тепихот, ставајќи ги сите проблеми таму, за насилство и злоставување?
А можеби и не молчела, туку наидувала на луѓе кои биле глуви за нејзината мака, исто како вас.
„Сигурно сè измислила, бидејќи ѝ пропадна кариерата, и ѝ треба некоја улога.“
Па да, полесно е да поверувате дека некој измислил некоја своја улога, отколку едвај, конечно, после толку време, да собере сила и повторно сè да преживува објаснувајќи го секој детаљ и одговарајќи на којзнае колку прашања за време на поднесувањето на пријавата...
Срам да ви е за секој коментар на оваа тема кој не е поддршка, туку замолчување на жртвата.
Молчењето не е злато.
Никогаш и не било.
Секоја тишина еден ден станува вресок.“напиша Тијана.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа