„ТикТок“ забрани пристап на деца до 13 години
Кинеската платформа за споделување видео содржини „ТикТок“ го блокираше пристапот до апликацијата на деца и тинејџери под 13 години.
Забраната е предизвикана по неодамнешната смрт на десетгодишно девојче од Палермо, Италија, кое се задуши со каиш од бањарка изведувајќи го бизарниот „блекаут предизвик“, пренесува агенцијата „АНСА“.
Од компанијата „ТикТок“ наведуваат дека во иднина ќе користат вештачка интелигенција за да се потврди возраста на своите корисници. Италијанското надзорно тело објави дека ќе ја следат и проценат ефективноста на новите мерки воведени од апликацијата.
По смртта на девојчето, во Италија имаше уште еден случај со 48-годишна жена од Сицилија која беше приведена поради наводно „поттикнување самоубиство“. Таа на својот профил на „ТикТок“ објавила видео на кое се гледа како маж и жена си лепат селотејп околу устата и носот – уште еден од ужасните предизвици на апликацијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа