Топла есен па снежна зима - какво време не чека до крајот на годината

 

Ако сте од оние кои ја сакаат есента ќе имате навистина доста време за да уживате, пред да дојдат првите студови.
Ако може да им се верува на долгорочните прогнози, барем до средината на идниот месец ќе имаме многу сонце, релативно високи температури и прилично суво време.
До крајот на октомври ќе имаме речи си исто време. Наутро ќе биде релативно студено но над нулата а преку ден, температурите ќе одат и над 20 степени.
Ваквото време ќе се задржи и во првата половина на ноември со таа разлика што температурите благо ќе се намалуваат, па наутро ќе имаме и температури околу нулата а преку ден ќе одиме некаде околу 15 степени.
Во втората половина од ноември се најавува повлажно време. Се очекуваат врнежи од дожд кои на средина од месецот во ноќните часови на некои места ќе можат да преминат и во снег, но без некои изгледи да се формира снежна покривка во котлините.
Влажното и облачно време ќе се задржи до крајот на ноември. Температурите ќе бидат во опаѓање па ретко кога максималните ќе бидат двоцифрени, додека минималните ќе одат и неколку степени во минус.
Она што денеска се разликува на долгорочните прогнози во однос на она што се прогнозираше пред неколку недели се количините на врнежи во декември. Моделите прогнозираат нешто повлажен декември во кој би се создале прилично многу услови за снежни врнежи но имајќи ги предвид температурите кои ќе одат и до 8 степени, тешко е да се верува дека ќе се формира снежна покривка.

29.10.2024 - 09:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега