Топол напиток од ѓумбир кој ќе ве зачува од настинка - што лечи и како се подготвува
Ова е вкусен и топол напиток од ѓумбир ќе ги стопли “ладните“ коски и ќе ви помогне да им се спротивставите на настинките и на многу други здравствени тегоби.
Состојки:
– грутка свеж ѓумбир
– 1 литар вода
– 3 мали лажици домашен мед
– 1 лимон
Подготовка:
Излупете го коренот од ѓумбир и исечете го на резанки. Ставете го ѓумбирот во лонец и прелијте го со вода, потоа ставете го на варење од 15 до 20 минути на умерена температура. Тргнете го од оган и оставете го да отстои уште 5 минути. Извадете го ѓумбирот од течноста, а течноста засладете ја со домашен мед и исцедете го лимонот. Напитокот пијте го топол.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа