Тошковски: Евалуација на функционирањето на One Stop Shop системот
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес беше во работна посета на Приштина на покана на неговиот косовски колега, министерот Џелал Свечла.
-Средбата беше за евалуација на имплементацијата на One Stop Shop системот кој официјално беше пуштен минатата недела на граничниот премин „Блаце-Елез Хан“ како и за усогласување на идните чекори за дополнително зајакнување на прекуграничното поврзување. Следната фаза на оваа соработка е имплементација на системот и на граничниот премин „Јажинце-Глобочица“ кој треба да се реализира во следниот период. One Stop Shop системот за патниците значи една проверка наместо две, пократко чекање и подобро искуство, а за службите – поефикасна работа, подобра координација и посилна борба против незаконски активности а за нашите две држави тоа е ново поглавје на поврзаност со побрз транспорт, повеќе трговија, туризам и пријателство, потенцираше министерот Тошковски.
На средбата се разгледа и тековната соработка на двете министерства и полиции и можноста за нејзино унапредување во делот на размената на информации и борба со криминалот кој не познава граници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа