Тошковски: Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, одговори на пратеничко прашање за бегството на поранешниот вицепремиер Артан Груби, изјавувајќи дека се надева дека Груби ќе се појави пред правдата и ќе докаже дека е “чист како солза”. Тошковски истакна дека, според доказите што ги имаат, не ќе му биде лесно да го докаже тоа.
Тој додаде дека не станува збор за тоа дали, туку кога Груби ќе се соочи со правдата. Посочи дека изјавата на Груби дека е на „приватен или службен пат“ не го убеди, и дека се уште се надева дека ќе покаже одговорност и ќе се врати за да ги демантира обвиненијата.
„Постојат индиции за епски криминали. Ќе му треба виртуозен адвокат за да се одбрани“, изјави Тошковски.
Тој потсети дека за Груби е распишана меѓународна потерница и дека се води комуникација со соседните држави за да се обезбеди неговото екстрадирање и процесуирање во Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа