Тошковски: Се враќаме во нормала - термин за пасош по итна постапка се добива за 1 ден
Реорганизацијата и зголемувањето на капацитетите во делот на управните служби дава резултат, пишува техничкиот Министер за внатрешни работи, Панче Тошковски на социјалните мрежи најавувајќи дека пасош по брза постапка веќе се вади за 1 ден.
Повеќе нема чекање со месеци за фотографирање за пасош по итна постапка во Скопје и од денес граѓаните кои ќе побараат термин, ќе го добијат за истиот или наредниот ден - пишува Тошковски.
26.03.2024 - 10:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа