Тошковски: Треба да смениме 4 бројки во законот и да важат и пасошите и возачките

„Прв предлог на закон за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, едноставно кажано за возачките дозволи. Втор предлог на закон за изменување на Законот за патни исправи на државјаните по скратена постапка. Овие два закони како се донесени и со кој ум се донесени, од денешен аспект е небитно. Денеска е последен ден кога пратениците имаат можност да докажат дека се во насока на интересот на граѓаните, без политиканство, без политички игра. Само со измена на овие два закони во делот на важност на возачките и на пасошите може да се решат проблемите на граѓаните. Се друго е козметика, шминка, популизам“, вели техничкиот министер за внатрешни работи

Само со измена на два закони во делот на важноста на возачките дозволи и на пасошите пратениците можат да им ги решат проблемите на граѓаните. Ова денеска пред зградата на Собранието го најави техничкиот министер Панче Тошковски, откако, како што рече утринава и во рамки на електронскиот систем и физички и до Влада ги поднесол истите законските решенија кои и вчера ги најавил.

„Прв предлог на закон за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, едноставно кажано за возачките дозволи. Втор предлог на закон за изменување на Законот за патни исправи на државјаните по скратена постапка. Овие два закони како се донесени и со кој ум се донесени, од денешен аспект е небитно. Денеска е последен ден кога пратениците имаат можност да докажат дека се во насока на интересот на граѓаните, без политиканство, без политички игра. Само со измена на овие два закони во делот на важност на возачките и на пасошите може да се решат проблемите на граѓаните. Се друго е козметика, шминка, популизам“, вели Тошковски.

Според него, овие два закони се суштински во делот на важноста на документите и ако било што друго се проба да биде изведено, може само да искомплицира граѓаните да не можат да ги остварат своите права.

 

12.02.2024 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега