Трагедија во Австрија: Се урна авион кој полета од Бања Лука

 


Мал авион, кој полета денеска од аеродромот во Бања Лука, а чија дестинација беше аеродромот во Зел ам Зе, Австрија, се урна недалеку од аеродромот. Во оваа несреќа загина пилотот.

Според австриските медиуми, во овој едносед имало само пилот, а авионот полетал од аеродромот во Бања Лука. Според информациите на flightaware.com, последниот контакт со авионот бил остварен во 55. минута од летот, некаде над Халег во Корушка. Требаше да слета во Цел ам Зе во 12:48 часот.

„Сите спасувачки екипи се на терен“, изјави командантот на противпожарната бригада Клаус Портенкирхнер. Тој додаде дека несреќата се случила на самиот приод кон аеродромот Цел ам Зе. Авионот застанал на блиската ливада и немало пожар. Не се познати точните околности на несреќата, како и националноста и возраста на пилотот.

Портенкирхнер рече дека службите за итни случаи примиле извештај за несреќата во 01:27 часот.

05.03.2025 - 09:22

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега