Трагедија во Бугарија: Осумгодишно девојче испило сок во хотел и добило изгореници на хранопроводникот

 

Осумгодишно девојче се здобило со внатрешни изгореници откако испило флаширан овошен сок во хотел во град на брегот на Црното Море во Бугарија, соопштија нејзините родители.

Девојчето потоа било згрижено на одделението за интензивна нега во болницата во Варна, објави порталот „Новините“.
Детето било итно примено на 11 февруари, а отпуштено дури на 23 февруари.

Мајката на девојчето наведува дека нејзината ќерка го испила сокот и неколку секунди подоцна почувствувала силно чувство на печење во устата и грлото, а потоа од устата почнала да и излегува пена.

Поради изгорениците на хранопроводникот, покрај кои бил зафатен и дел од желудникот, на детето во болница биле извршени низа интервенции.

Поради целата ситуација лекарите поднеле пријава во полиција.

Според таткото на девојчето, вработените во хотелот рекле дека досега немале никакви проблеми со тој вид на пијалок. Полицијата соопшти дека окружната управа на Варна добила жалба, која била проверена и пријавена во обвинителството.

Целото количество сок пронајдено во хотелот било одземено и дадено на вештачење, пренесува медиумот.

Агенцијата за безбедност на храна го проверила и хотелот и производителот на сокови и сите количини од таа серија, според написите, се повлечени од продажба.

27.02.2023 - 16:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега