Трагедија во Гевгелија: 21 годишно момче почина откако падна од зграда

 

Дваесет и едногодишно момче (Б.Б.) од селото Орашац, кумановско, паднало од зграда, а подоцна и починало.

Несреќата се случила додека младиот работник изведувал градежни работи на зграда во изградба на булевар „Гевгелија“ во Гевгелија.

По падот тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Гевгелија. Поради сериозноста на повредите, подоцна бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што починал.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото извршиле инспектор од Државен трудов инспекторат и екипа на ОВР Гевгелија.

03.12.2024 - 17:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега