Трагедија во Хрватска: 14-годишно девојче пронајдено онесвестено во бањата, се отруло од опасен гас

 

14-годишно девојче се отруло со јаглероден моноксид во бањата во семејната куќа кај Вараждин, откри полицијата.

Членовите на семејството ја пронашле без свест во бањата, а веднаш била повикана брза помош за да ја однесе во болница.

Како што е констатирано, труењето настанало поради зголемена концентрација на јаглероден моноксид во бањата како резултат на истовремено работење на атмосферскиот комбиниран гасен болјер и аспираторот во кујната.

Полициски службеници продолжуваат со работа за утврдување на сите околности на овој настан, соопшти денеска вараждинската полиција, пренесува „Даница.хр“.

 
06.03.2023 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега