Трагедија за време на лет во САД: 8-годишно девојче почина во авион
Осумгодишно девојче почина на летот на Јунајтед ерлајнс за САД, пренесуваат медиумите.
Летот на Јунајтед 5121 полетал од Џоплин, Мисури во 6 часот наутро во четвртокот и бил упатен кон Чикаго кога се пренасочи кон Пеорија, Илиноис, околу 45 минути по полетувањето.
На 8-годишнотот девојче идентификувано како Сидни Вестон, и се слошило и авионот морал итно да слета.
„Нејзиното семејство веднаш го известило екипажот на летот за нејзината состојба и тие брзо почнале да пружаат помош“, рече судскиот вештак, пренесува Дејли Мејл.
Болничарите го пречекале детето на аеродромот по слетувањето на авионот, но девојчето не дишело и немало пулс, соопштија од коронерската канцеларија.
Сиднеј била итно пренесена во болница, каде што беше прогласена за почината нешто по 8 часот наутро, и покрај „агресивните напори за реанимација“.
Обдукцијата е закажана за в петок.
Сиднеј била од Мисури и била на одмор со семејството кога се случила трагедија.
Летот 5121 повторно полета за Чикаго околу 13 часот во четвртокот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа