Трајковски уверува: Трговците може само да ги намалат цените на основните производи, никако да ги зголемат

 

„Tрговците може дополнително да ги намалат цените на основните производи, но во ниту еден случај да ги зголемат“, уверува првиот човек на ДПИ, Горан Трајковски. 

„Имајќи ги предвид случувањата и информациите кои се актуелни во изминатите денови во однос на тоа дека ќе се зголеми ДДВ на основните прехрамбени производи опфатени со одлуките на Владата, сакам да ги информирам граѓаните дека ДДВ од 5% си останува на основните прехрамбени производи и покачување на цените нема да има и не смее да има.

Tрговците може дополнително да ги намалат цените на основните производи, но во ниту еден случај да ги зголемат. Пазарниот инспекторат постојано врши надзори, и можам да кажам дека трговците генерално се придржуваат до одлуките на Владата“, напиша тој вечерва на ФБ.

Во објавата вели дека ако утврделе дека некој пробува да манипулира со граѓаните, немало да биде поштеден, напротив ќе ја добиел соодветната санкција.

„А тоа дека се казнуваат тие што ги кршат законите, се увиде и изминатиот период. Пак ќе кажам, не ни е цел само да казнуваме, ама има трговци што едноставно не ни оставаат избор и мора да се применат поригорозни санкции со цел да не го направат прекршокот повторно“, пишува Трајковски на ФБ.

13.10.2023 - 21:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега