Трамп го забранува „ТикТок“: Тоа е закана по националната безбедност, мораме да преземеме жестоки мерки

Американскиот претседател потпиша извршна уредба со која на сите американски граѓани им се забранува вршење на трансакции со кинеската компанија "ByteDance" во чија што сопственост е популарната апликација.

Според уредбата објавена синоќа, апликацијата „ТикТок“ се смета за „закана“ по националната безбедност на САД и американските власти предупредуваат за автоматското собирање на информации кое е можно со користењето на апликацијата.

„Ваквото прибирање на информации претставува закана и би можело да ѝ овозможи на Комунистичката партија на Кина пристап до личните податоци на Американците“, стои во уредбата.

„Соединетите Американски Држави мора да преземат жестоки мерки против сопствениците на „ТикТок“ за да ја заштитат својата национална безбедност“.

Уредбата следува откако американската компанија "Microsoft" најави дека се разгледува можно купување на американскиот огранок на апликацијата од компанијата "ByteDance" и одредија 45-дневен рок за склучување на договорот.

Американскиот претседател Доналд Трамп го поддржа потегот на софтверскиот гигант со седиште во Сиетл.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2020 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега