Трамп: Јордан и Египет би можеле да прифатат повеќе Палестинци од Газа
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека Јордан и Египет треба да прифатат повеќе Палестинци од Појасот Газа, каде во војната меѓу Израел со палестинската милитантна група Хамас загинаа десетици илјади луѓе и каде е лоша хуманитарната ситуација.
На прашање на новинарите во претседателскиот авион за време на патувањето од Лас Вегас за Флорида за тоа дали неговата сугестија се однесува на краткорочно или долгорочно прифаќање на Палестинците во тие земји, Трамп одговори дека „може да биде и едното и другото“.
Минатата година, за време на администрацијата на Џозеф Бајден, Вашингтон рече дека се противи на принудното раселување на Палестинците, додека групите за човекови права и хуманитарните агенции со месеци изразуваат загриженост за ситуацијата во Газа, во која поради војната речиси целото население е доведено до раб на гладување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа