Трамп: Не знам дали ќе ѝ помогнеме на Европа доколку биде нападната
Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, вчера изјави дека знае кого сака за свој потпретседател во трката за претседател во 2024 година и дека неговата посветеност на НАТО ќе зависи од тоа како Европејците се однесуваат кон Соединетите Американски Држави.
Трамп, фаворит за републиканска номинација, беше запрашан од домаќините на „Фокс њуз лајф“ во градското собрание во Де Мојн кој ќе биде негов потпретседател.
„Не можам навистина да ви кажам. Мислам, знам кој ќе биде“, рече Трамп на собирот на републиканските гласачи во Де Мојн, Ајова.
Трамп беше прашан и за неговиот став кон НАТО. Прашањето следува по најавата во средата дека Трамп им кажал на највисоките европски претставници додека беше претседател дека САД никогаш нема да ѝ помогнат на Европа доколку биде нападната.
„Зависи од тоа дали ќе се однесуваат правилно со нас“, рече Трамп на прашањето на водителот на „Фокс“ за неговата посветеност на НАТО.
„Видете, НАТО ја искористи нашата земја. Европските земји тоа го искористија“.
За време на неговиот прв мандат од 2017 до 2021 година, Трамп постојано се имаше судрири со традиционалните европски сојузници за трошоците за трговија и одбрана.
Според анкетата на „Ројтерс/Ипсос“ спроведена во вторникот, Трамп одржува убедливо водство во трката за партиски кандидат. Анкетата му дава 49 отсто од гласовите на републиканците пред Хејли со 12 отсто и Де Сантис со 11 отсто.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа