Трамп: Зеленски не требаше да дозволи да почне војната

 

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп индиректно го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски за она што сега се случува во Украина, велејќи дека никогаш не требало да дозволи да започне војната.

– Никогаш не требаше да дозволи таа војна да започне, војната носи загуба – рече Трамп во подкаст со коментаторот Патрик Бет-Дејвид и додаде дека претседателот Џо Бајден „ја поттикнал таа војна“, за која постојано тврдеше дека никогаш немало да се случи дека бил во Белата куќа.

Дека има пријателски односи со рускиот претседател Владимир Путин, Трамп покажа и за време на дебатата со потпретседателката Камала Харис минатиот месец, кога рече дека војната мора да заврши, но на двапати прашан, тој директно не одговори дали смета дека Украина треба да победи.

17.10.2024 - 21:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа