Трамп:Третата светска војна не е толку далеку

 


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Третата светска војна не е толку далеку, но е убеден дека неговото претседателствување ќе спречи тоа да се случи.

Тој, исто така, предупреди на растечките конфликти на Блискиот Исток и Украина и ја нагласи важноста од брза акција за да се спречи ескалација на глобалните конфликти.

„Ширум светот дејствувам брзо за да ги прекинам војните, да ги решам конфликтите и да го вратам мирот на планетата, сакам мир и не сакам да гледам како луѓе се убиваат“, рече Трамп.

Зборувајќи за војната во Украина и ситуацијата на Блискиот Исток, Трамп рече дека ќе стави крај.

„Погледнете ги, толку многу смртни случаи на Блискиот Исток и војната што се случува меѓу Русија и Украина. Ќе ја прекинеме. Нема корист од Третата светска војна и не сме толку далеку од тоа. Да ги имавме претседателот Џо Бајден и неговата администрација уште една година, ќе бевме во Третата светска војна, а сега за време на мојот мандат тоа нема да се случи“, рече Трамп.

Тој, исто така, и се заблагодари на Саудиска Арабија за организирањето на разговорите меѓу САД и Русија, нарекувајќи ги „голем чекор“.

20.02.2025 - 11:21

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега