Треба да додадете само една трошка во кафето - го намалува шеќерот и холестеролот, но и го зајакнува имунитетот

 

Ако имате над 50 години и сакате повеќе да се грижите за вашата исхрана и здравје, експертите имаат одлични совети за вас.

Многу функции на нашето тело опаѓаат кога дуваме 50 свеќи, тоа е нормален дел од животниот процес и не треба да се грижите, но постојат начини да се зајакнат некои од овие функции преку паметна исхрана богата со важни хранливи материи.

Стареењето влијае и врз производството на плунка и врз нашата способност за вкус. Доколку храната што ја јадете има послаб вкус, време е да додадете два зачини кои ќе ја зајакнат, а дополнително да имаат корисен ефект врз здравјето.

Д-р Памела Пик, авторката на бестселерот „Како да се поправи гладот“, објасни дека треба да се консумира куркума и цимет по 50-годишна возраст.

– Куркумата го зајакнува имунитетот и ги намалува воспалителните процеси во зглобовите. Исто така, докажано е дека влијае на симптомите на артритис кај постарите жени – вели таа.

Куркумата, исто така, има превентивно дејство за многу болести, и се советува на секој кој би сакал да ги одржува своите когнитивни функции во добра состојба.

– Циметот има антиинфламаторно и антимикробно дејство. Го одржува нивото на шеќер во крвта бидејќи го забавува празнењето на желудникот после јадење. На овој начин, спречува нагло скокање или паѓање на шеќерот и ја подобрува чувствителноста на телото на инсулин – рече таа и советува додавање цимет во кафето, додека куркумата да се додава во солени јадења или да се консумира во форма на чај.

Само еден грам цимет дневно го намалува шеќерот во крвта, триглицеридите, ЛДЛ холестеролот и другите лоши параметри кај луѓето кои имаат дијабетес тип 2.

– Не заборавајте да пиете доволно вода. Водата го оптимизира метаболизмот додека старееме, а по 50-тиот роденден може да забележите дека сте помалку жедни. Жените треба да пијат девет, а мажите 13 чаши вода дневно. Ако сте физички активни или живеете во потопла област, слободно можете да пиете повеќе од таа количина – објасни д-р Пик.

29.09.2021 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега