Тренчевска: Наместо да се откаже од нови погрешни мерки, премиерот најавува нова кошничка
Цените на основните производи растат, куповната моќ опаѓа, а многу семејства едвај врзуваат крај со крај. Нашите граѓаните секојдневно се борат со високите цени, рече на денешната прес-конференција Јована Тренчевска, пратеничка од редовите на СДСМ.
Мерката на Владата со замрзнување на маржите или така наречената есенска кошничка не даде никаков ефект и цените не се намалија. Државниот завод за статистика го потврди тоа, цените на мало во месец октомври се намалиле само 0.1%, истакна Тренчевска.
„Синдикалната кошничка пак е намалена за само 57 денари. Состојбата на терен, во маркетите којашто граѓаните ја гледаат секој ден е најголем доказ за тоа. Белиот леб и натаму се продава по 33 денари. Тестенините намалени за 1 денар а цената на зејтинот од 78 се зголеми на 87 денари. Истото е и со млекото и млечните производи.
Споредбено октомври во 2023 со октомври во 2024 година, трошоците за живот се зголемиле за 3,5% додека платите се намалија за 1.000 денари.
Кристално јавно е дека Владата задоцни и спроведе мерка којашто се покажа недобро осмислена, погрешна и неефикасна. Освен трговците кои имаат корист, граѓаните не ни почувствуваа дека постои мерка за намалување на цените ниту некаква кошничка.
Но, наместо да се откаже од нови погрешни мерки, го слушаме премиерот Мицкосски како најавува нова нова кошничка. Овој пат ноговоридшна, којашто ќе ги намали цените пак за 0.1%. Ова е крајно навредувачки и потценувачки за граѓаните. Власта покажува голема неспособност и води политика на инает врз грбот на народот“, посочи Тренчевска.
Тренчевска вели дека предлог Законот предложен од СДСМ за укинување на ДДВ на храната е вистинско и одржливо решение кое власта требаше да го прифати а не го игнорира.
„Со Укинување на ДДВ на храната на основните производи ќе поевтинат веднаш 250 категории производи. Реална заштеда кај граѓаните и до 2.000 денари што значи повеќе пари во нивните џебови. Дополнително, воопшто нема да биде товар за компаниите и трговците не може да ја изиграат.
Игнорирањето на Владата на Мицкоски на ова добро решение е игнорирање на потребите на граѓаните и нивниот животен стандард.
Граѓаните не треба да бидат жртви на политичкото его на Мицкоски.
Бараме Владата да се откаже намерата од нови мерки со 0.1% ефикасност и да го прифати законското решение на СДСМ за намалување на ДДВ на храната.
Помислете малку на луѓето кои секојдневно врзуваат крај со крај“, нагласи Тренчевска.
10.11.2024 - 12:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа