Тренчевска: Она што за лицата со попреченост беше незамисливо пред 2019, сега е реалност
Денес, дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска ги посети малите групни домови во Волково, општина Ѓорче Петров.
Овие мали групни домови настанаа со процесот на деинституционализација со реформата од 2019 година. Со тоа овие лица ги напуштија големите институции и почнаа да живеат во малите групни домови со цел полесна интеграција во опшетството.
„Она што за лицата со попреченост пред 2019 година не можеше да се замисли како начин на живот, денес е реалност. Корисниците кои живеат во малите групни домови раководени од „Порака – Неготино“ во партнерство со Министерството за труд и социјална политика одлично се движат по патот на општествена интеграција и независен живот. Дел од корисниците се вклучени на пазарот на трудот, дел од нив се грижат за останатите корисници кои имаат потреба од нега. Во склоп на малите групни домови се применува и окупациона терапија односно преку работни обврски за градината во домот и животните кои се дел од малата фарма на „Порака – Неготино“ корисниците работат на своите усовршување на грубата моторика“ рече Тренчевска.
Општествената инклузија е една од предностите на живеењето на лицата со попреченост во малите групни домови. Воедно ваквиот начин на функционирање го олеснува и градењето на меѓучовечки односи на корисниците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа