Тренерите на Георгиевски се откажаа од наградата на Владата: „Паричната награда целосно треба да му припадне на нашиот херој!
Тренерот на македонскиот сребрен олимпиец Дејан Георгивевски, Дарко Костовски, преку социјалните мрежи информираше дека тој и неговиот брат како тренери се откажуваат од 10.0000 евра, кои државата нив со вчерашната одлука на Владата им ги додели за големи успех во Токио.
„Мојот брат д-р Борче Костовски и јас како тренери на олимпискиот сребрен медалист Дејан Георгиевски, апсолутно се откажуваме од премијата што е доделена за нас, секако таа целосно треба да биде насочена кон олимпискиот вицешампион, новата македонска гордост! За нас како тренери во овие моменти доволен е олимпискиот историски сребрен медал (СО ЗЛАТЕН ОТСЈАЈ)“– напиша Костовски на својот фејсбук профил.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа