Трговците се алчни: За да се преживее месечно требаат над 63.000 денари
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов денеска информираше дека синдикалната минимална кошничка за јануари 2025 година изнесува 63.252 денари. Во споредба со кошничката за декември 2024 година, е зголемена за 391 денар. Трендафилов на прес-конференција изнесе податок дека вредноста на делот за храна и пијалоци бележи зголемување за 63-те основни производи за 123 денари.
Првиот синдикалец оценува дека инфлацијата во Македонија е над 10%, според резултатите на синдикалната минимална кошничка, а не 3,5%. Дециден е дека „цените на производите фиктивно се намалувале, а трговците се богателе на грбот на граѓаните“.
-Трговците се алчни, со тоа што го користат скеој момент за да дополнително за да се збогатат. Тоа што сега го ветуваат дека во наредните месеци ќе ги задржат цените на основните производи е мамка за да не ги намалат цените на производите кои што на светските берзи се намалуваат. Според анализи на новинари, цената на житните култури е намалена за 13,6% минатата година, додека во овој месец, цената на лебот е намалена за само еден денар од 33 на 32. Нема намалување на цената на брашното, тестенените, солта, зејтинот, оцетот, турското кафе, квасецот, млекото, путерот, урдата…, кажа Трендафилов на прес-конференција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа