Три фирми заинтересирани да ја решат смрдеата во салите на Клинички

Три фирми досега пројавиле интерес за тендерот за компресорската станица на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ со што треба да се реши проблемот со смрдеата во операционите сали.
Ова е нов тендер, откако претходниот пропадна бидејќи на него не се пријави ниту една компанија.
Целата процедура треба да заврши пред крајот на идната недела кога ќе се отвораат понудите.
Во мај, операциони сали на Клинички центар беа затворени поради непријатна миризба. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”.

06.09.2024 - 10:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега