Три интервенции на кумановските пожарникари
Кумановските пожарникари гаселе три пожари изминатово деноноќие, информираа денеска од РЦУК Куманово. Во две куќи се запалиле оџаци, во една имало пожар на плинска боца.
Пожарникарите интервенирале на улицата „Ѓуро Ѓаковиќ“ каде се запалил оџак од дом.
Интервенција на запален оџак, кумановските пожарникари имале и на улицата „Иван Ковачиќ“ на семејна куќа.
На улицата „Панче Пешев“ петмина пожарникари интервенирале поради запалена плинска боца.
11.01.2023 - 10:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа