Три Комисии заседаваат во македонското Собрание
Во Собранието денеска ќе заседаваат три комисии - Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за култура и туризам и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
Пред членовите на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за градење, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за гробишта и погребални услуги, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота, Предлог на законот за изменување на Законот за превоз во патниот сообраќај, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, Предлог на законот за дополнување на Законот за урбанистичко планирање, сите по скратена постапка и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина во прво читање.
На Комисијата за култура и туризам е Предлог на законот за изменување на Законот за културата, по скратена постапка.
На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, Предлог на законот за дополнување на Законот за заштита на личните податоци и Предлог на законот за изменување на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците, сите по скратена постапка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа