Три земјотреси за половина час во Бугарија

 

Европскиот медитерански сеизмолошки центар во рок од 30 минути регистрира три слаби земјотреси во јужна Бугарија.

Најсилниот бил во 10 часот и 15 минути, со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 13 километри северо-североисточно од Димитровград и на 30 километри од Стара Загора, на длабочина од два километри, пренесува Новините.

Вториот земјотрес се случи неколку минути подоцна, во истата област. Неговата јачина била 2,5 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 13 километри северозападно од Харманли, на длабочина од два километри.

Третиот земјотрес во истото подрачје бил со јачина од 2,2 степени,пренесе Блиц.рс.

10.03.2023 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега