Tрипуновски: Ни сливите ни вишните не останаа имуни
Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски денеска ги посети земјоделците во општина Делчево. На средбата како што истакна се разговарало за штетите од ниските температури кои што се случија изминатиот период.
- Од ниските температури ни сливите и вишните не останаа имуни. Им ја појаснив процедурата која што е потребно да ја спроведе Општина Делчево за да можат да ги пријават настанати штети предизвикани од ниските температури, истакна Трипуновски.
Додаде дека на располагање на земјоделците е Подрачната единица на Делчево при МЗШВ за да излезе во пресрет на Општината за да се заврши побргу процедурата за обесштетување.
Наша обврска како Министерство и како Влада подвлече министерот за земјоделие е да им се излезе во пресрет и да се обештетат земјоделците чии што насади измрзнаа
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа