Трипуновски објави фотографија од Николовски: Вака изгледа човек кој сфатил дека дошло крај на криминалот кој го правел 3 години

Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер во МЗШВ на фејсбук напиша :

-Очигледно вака изгледа човек кој сфатил дека дошло крај на криминалот кој го правел 3 години.
Љупчо, кога ќе посакаш да живееш во средена држава, потсети се дека во твое време како министер Кире Неделковски украде над 300 илјади евра од тутунарите и остана неказнет до ден денеска.

Заради криминалот на твојот пајташ, многу дечиња, како што викаш ти, останале без леб.
Кога ќе сакаш ред и поредок, потсети се како делевте субвенции по партиски клуч.

Кога ќе сакаш младите да не се иселуваат потсети се дека рекетиравте бизниси по примерот на шефот твој, Заев од Струмица.

Ех, Љупчо, знаеш ти се што направивте, а знае и народот. Наскоро доаѓа казната. На 15 јули народот ќе ви пресуди, а потоа и институциите, во фер постапки за сите незаконитости.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2020 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега