Тројца загинати, а пет работници тешко повредени- се срушил кров на фабрика во Сибир

Три лица загинаа, а пет работници се во тешка, но стабилна состојба, по уривањето на дел од покривот во фабриката во архичкиот руски град Норилск, изјави денеска Министерството за здравство на регионот Краснојарск за агенцијата ТАСС.

"Пет лица се во стабилна, но тешка состојба. Четворица се префрлени на одделот, а едно лице е на интензивна нега. Сите добиваат медицинска нега и се под постојан медицински надзор", соопшти Министерството.

Инцидентот се случил кога дел од покривот се срушил во раните утрински часови, а погодената област е 1.000 квадратни метри.

Во тој момент таму имало осум лица - три загинале, а петмина биле тешко повредени.

Регионалното истражно биро отвори кривична истрага за кршење на безбедносните правила и 22 февруари беше прогласен за ден на жалост во Норилск.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2021 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега