Трошоците за лечењето на Есма кои изнесуваат над 873.000 денари по пет години не се платени

 

Само една година по смртта на кралицата на ромската песна почна да се  ограбува наследството на Есма Реџепова-Теодосиевска и нејзиниот сопруг Стево од домот на Скопското кале. Неколкупати во Бекстејџ  ја отварале оваа тема, но за жал работите не се поместуваат од мртва точка, Пред  објективот на естрадниот магазин  застанаа посинокот на Есма, Симеон како и Зорана Костовска претседателката на хуманитарното здружение „Есма и Стево Теодосиевски“ и управител на целиот имот, според тестаментот на Есма. Како што велат тие, мебелот и други вредни работи од Домот на хуманоста и уметноста „Стево и Есма Теодосиевски“, на Скопското кале, кој за жал не е пломбиран, се изнесуваат и се продаваат, а на имотот околу куќата и во контејнери наоѓале расфрлени благодарници и награди што во текот на животот ги добила Есма. 

Адвокатката, по исклучувањето на камерата, открила дека трошоците за лечењето на Есма се уште не се платени. За истото им приложила и доказ. 873 000 денари изнесува сумата која што никој досега не ја платил,а поминати се пет години од нејзината смрт.

12.01.2022 - 08:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега