Турчинка на 116 години самата се излекувала од Ковид-19: Не можев да останам во болницата

 

116-годишна Турчинка од турската провинција Артвин се опорави од инфекција со коронавирус, без да оди во болница.

Фатма Акјуз, која поминала одредено време со децата во провинцијата Бурса, се разболела по враќањето во селото Артвин.

Кога нејзината состојба се влошила, таа побарала медицинска помош и била хоспитализирана и и препишале терапија.

„Бев во болница еден ден. Не можев да останам во болницата, сакав да одам дома. Децата се грижеа за мене и му благодарам на Бога што се опоравив“, рече таа.

Нејзината ќерка Сенгул Атун вели дека биле многу среќни што нејзината мајка закрепнала од болеста.

Атун ги повика луѓето да се придржуваат до мерките, да одржуваат хигиена и да носат маски за да се заштитат од вирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.12.2020 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега