Турција демантира дека собориле ерменски воен авион

Претставникот на турскиот претседател, Фахретин Алтун, негираше дека турски ловец го соборил авионот на ерменските воздухопловни сили во воздушниот простор на таа земја.

Азербејџанското Министерство за одбрана исто така ја демантираше веста, пренесува Спутник.

Претходно, ерменското Министерство за одбрана објави дека турски ловец Ф-16 соборил ерменски авион Су-25, и дека пилотот бил убиен.

Според информациите со кои располага ерменското Министерство, турскиот борбен авион полетал од аеродромот од градот Гања со цел да ја поддржи азербејџанската авијација која била насочена кон населените места во Ерменија.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу претходно денес изјави дека Анкара е подготвена да го поддржи Баку и на преговарачката маса и на бојното поле.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.09.2020 - 18:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега