Туристка од Јапонија паднала кај Канео, позната нејзината здравствена состојба

 


Во стабилна состојба е туристката од Јапонија која вчера падна кај црквата „Свети Јован Канео“ во охридската населба Канео.

Од СВР Охрид информираа дека полицијата и екипата на Итната медицинска помош биле испратени на местото. Жената во бесознание била примена во охридската болница, а по укажувањето на медицинска помош, ги вратила нормалните животни функции и во моментот е во стабилна состојба.

Случајот нема индиции за насилство, туку се работи за несреќен пад.

30.06.2025 - 10:33

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега